Паралели

Posted in општество, религија, филозофија on февруари 9th, 2011 by antonij

Една религија:

Кога ќе поминат светите месеци, убивајте ги многубошците каде и да ги најдете, заробувајте ги, опсадете и на секој премин дочекувајте ги! — Кур’ан сура Ет-Тевба или Покајание, ајет 5

Живата вера:

Браќа, иако во тело одиме, телесно не се бориме. Оружјето на нашето војување не е телесно, но со помошта Божја е силно да се разрушува тврдини; со него ние уништуваме мудрувања и секое превознесување, што се крева против познавањето на Бога и поробуваме секој разум, за да Му биде покорен на Христа. — 2Кор. 10, 4-5

Додека сите религии се борат за превласт врз земја и луѓе, предмет на освојување за живата Вера е човечкото срце. Зашто, војуваме против плотските желби на нашето сопствено битисување, а не против желбите на нашите браќа луѓе. И, ќе прашам: Зарем е во ред да се дозволи постоење на една идеологија чија „од небо падната книга“ налага убивање на луѓе?

Tags: ,

Апостолството на свештеникот во современиот свет

Posted in општество, религија, филозофија on ноември 23rd, 2010 by antonij

(Извадок од беседа изговорена на свештеничката конференција на Светата Митрополија на Кифисија)

Дијалогот на Црквата со епохата не е нешто непознато во историскиот тек на Православието, но напротив, претставува суштински елемент на отечкото предание, зашто отците на Црквата секогаш се наоѓале во непрестаен дијалог со нивната епоха. Многу добро ги познавале философските струења на нивното време и ги исправале со чудесна креативност, за да ја преобразат целосно цивилизацијата на древноста.

Како што во тоа време отците на Црквата требало да избираат и да го преобразат светот на доцната елинска философија, така и ние денес сме повикани да се вклучиме со храброст и чувствителност во решавањето проблемите на современиот свет и да им помогнеме на луѓето да ги надминат современите материјалистички идеологии и евдемонизмот.

Нашата Црква многу добро знае дека ова е еден тежок потфат, кој го бара знаењето и искуството на теологијата на отците. Заради тоа, често пати се колеба да дејствува, плашејќи се дека, без теологија, пастирите наместо да прават конструктивна и творечка критика кон современиот свет, ќе прибегнат кон методот на полемички и непријателски став. Колебањето, пак, е знак на мудрост, а не на виновно молчење…

Нашата Црква се движи во светот со воздржание и разум, зашто знае како во врската со светот секогаш постои опасна можност да се профаниса самата себе си и наместо да го преобрази светот, самата да стане светска. Вистина е дека често пати го забораваме есхатолошкиот карактер, есхатолошката димензија на нашата вера и се затвораме во еден световен дух.

Нашата Црква, пак, живее и се движи во светот, но не е од светот. Вистинската нејзина ипостас не се покажува од минатото и нејзината историја, ниту од сегашноста и нејзиното дејствување и слово, но од иднината, од погледот кон еден свет, не како што беше или како што е, но како што ќе биде крајот на Историјата. Суштинското дело на Црквата е да создаде луѓе кои не запираат во овој свет, но се трудат да го надминат.

Денес, големиот предизвик за нашата Црква е тоа како ќе одговори на кризата на вредностите. Повеќето сметаат дека треба да го свртиме погледот во минатото и ќе ја најдеме безбедноста во преданието. Можеби ова им е по волја, бидејќи ја претпочитаат изолацијата и маргинализацијата на Црквата.

Апостолството на нашата Црква е од нејзината природа: да општи и да води дијалог. Бара средба дури и со оние општествени групи кои ја отфрлиле, зашто не ја запознале. Не се плашиме од општествени размени, бидејќи согледуваме дека тие не се секогаш негативни, но содржат нови можности за стекнување искуство и изразување на Евангелието. Не е случајно тоа што клириците застанале и секогаш стојат близу до народот, ја слушале и секогаш ја слушаат неговата болка и неговата борба. Затоа и народот ги почитува, иако постои, често пати неправедна, борба против нив.

Кирил, Митрополит на Кифисија, Амарусион и Оропос

Tags: , ,

Раѓањето на Света Гора

Posted in историја, религија on ноември 8th, 2010 by antonij

Атос од секогаш била планина која восхитувала. Секогаш пребивајќи над облаците, таа со својата височина царува над морето и од нејзиниот врв јасно се гледа Македонија, Тракија, Тесалија, дури и Константинопол и Атина. Мнозина се восхитувале и мнозина го посакувале ова место.

Динократис, еден од архитектите на Александар Велики, предложил целата планина да ја претвори во огромен споменик на Александар, од чии раце ќе течат двете реки и ќе се влеваат во морето. Но, Александар, на некој начин пророчки, го одбил и му рекол: -„Да и го оставиме на планината нејзиниот мир.“

Во времето кога светиот и благочестив император Константин, првиот меѓу богољубивите цареви на Ромеите, го барал местото да ги положи темелите на новиот Рим, поминал и во Македонија. Заедно со своите архитекти, учители и стратези пристигнал на Халкидик, каде неговото внимание го задржал токму третиот крак – Атос. Сите се сложиле дека ова место е најподобно за новиот град. Но, на тоа се спротивставил епископот на Атос, кој, просветен од Бога, на царот му рекол: -„Благочестив и државен Цару, доколку им веруваш на моите зборови, ќе најдеш едно подобро место, каде можеш да го изградиш твојот град и ќе бидеш согласен со мене дека тоа е местото на кое треба да се утврди твоето богохрането царство, кое ќе царува со Истокот и Западот.“

Императорот одлучил да го послуша стариот епископ и, според неговите упатства, заминал кон Византион, малечкото гратче на Артемида. Восхитен од полуостровот, кој ги поврзува Европа и Азија, Западот и Истокот, царот не размислувал долго за да донесе одлука. Составил голем празник и ги положил темелите на новиот град – Константинопол, Царицата на градовите. На црвеното знаме на Византион, покрај белата полумесечина на Артемида, тој дал да се навезе и осмокрака ѕвезда, во чест на Пресвета Богородица, на која и го предал градот.

Сакајќи да го награди за добриот совет, царот Константин се вратил кај епископот на Атос, давајќи му да одбере со што сака да биде награден. Мудриот старец му одговорил: -„Набожен Цару, оваа Гора е света, а во последните времиња мнозина љубители на осаменички и подвижнички живот почнаа да се населуваат, славејќи Го Бога секојдневно. Ти, бидејќи си цар, имаш секаква власт над луѓето, кои ти се покорни. Дај наредба и исели ги овие луѓе, кои живеат по околните села што се останати овде и дај им земја за да живеат на друго место, а планината да му ја предадеме на Бога и Неговата света Мајка.“ Царот се исплашил од оваа работа, но дал ветување на епископ и морал да го одржи. Тој испратил бродови, кои ги однеле жителите на Атос дури до Пелопонисос, каде се уште живеат, во областа наречена Цаконија и имаат сопствен дијалект, различен од сите други елински дијалекти во околината. Со тоа, монаштвото започнало слободно и мирно да расте на оваа Гора, каде ништо светско повеќе не влегувало, ниту се допирало. Гората станала небесна земја, место на живеење на ангели во тело.

Така, светиот император Константин ја изорал градината Богородична, која наскоро почнала да дава многу и изобилни плодови. На тој начин се исполнило Божјото ветување кон Пресветата Владичица: -„Нека биде ова место твое наследство и градина твоја и рај и пристаниште за оние кои сакаат да се спасат!“ И навистина, Градината на Богородица до денес расте прекрасни миомирисни цветови – преподобни монаси, кои се молат за целиот свет.

Според кажувањата на отец Атанасиј Симонопетриец

Tags:

Posted in општество, религија on октомври 22nd, 2010 by antonij

Народот без вера, кој се откажал од својот Бог, Бог на татковците негови, живее во мрак, мртов е и непрокопсан и нема да види светлина додека не се покае и го одбере дарот на воскресение и живот, кој му го нуди Оној, Кој Самиот се жртвуваше за да го имаат.

Tags:

Дефиниција за лицемерие

Posted in историја, култура, наука, општество, религија, филозофија on октомври 1st, 2010 by antonij

Што е лицемерие? – Кога еден наречен православен патријарх изјавува дека „секојдневно се моли за единство на двете цркви“ (м.з. од кои едната страна е Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а другата не е црква, туку папистичка, папократска држава), а истовремено држи цел еден народ во духовно ропство на сметка на велико(името на неговата држава)ска политика.

Tags:

Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата

Posted in религија on септември 30th, 2010 by antonij

Многу убави молитви, кои секој Православен Христијанин би требало да ги кажува на бројаница наутро и навечер секој ден.

Спуштете ги во PDF формат овде.

Tags:

Молитва пред учење

Posted in религија on септември 30th, 2010 by antonij

Ова е чинот на молитва на учениците и наставниците пред почеток на училишните часови, како што се практикува во училиштата во Грција, според законот за образование. Ние можеби ќе почекаме подолго за да се молиме сите заедно во училиште, но за сега, барем самостојно можеме да ја практикуваме.

Спуштете ја во PDF формат овде.

Tags:

Молитва за месење просфора

Posted in религија on септември 30th, 2010 by antonij

Молитва за секоја православна жена. (Содржи и рецепт)

Спуштете ја во PDF формат овде.

Tags:

Руската црква се надева на добра соработка со новиот градоначалник на Москва

Posted in општество, религија on септември 30th, 2010 by antonij

Во Московската патријаршија го поврзуваат доаѓањето на новата власт во престолнината со надеж за подобра соработка. „Црквата, се разбира, ќе соработува со идниот градоначалник и со новата влада на Москва“, изјави протојереј Всеволод Чаплин, претседател на Синодалниот оддел за врски на Црквата со општеството. Тој изрази надеж дека подобната соработка „ќе прерасне во вистинско социјално партнерство, кое не само што ќе ја направи состојбата на црковниот живот прикладна на потребите на многумилионскиот мегаполис, но би послужило за доброто на сите луѓе – православни и неправославни, верници и неверници“. По зборовите на свештеникот, има за што да се благодари да поранешниот градоначалник на Москва, Јуриј Лужков, и сè уште активната престолнинска влада: „Сите добро знаат, колку многу беше направено през тешките години за преродбата на црковниот живот во Москва“. „Впрочем, не секогаш односите ни се развиваа безоблачно, се случуваа и неправилни и сомнителни дејствија на некои чиновници, за што претставниците на Црквата говореа откриено во дијалогот со градските власти и многу проблеми отидоа во минатото“, констатира отец Всеволод. Во исто време тој забележа дека сложените прашања, за кои требало да најдат решение, „никогаш не се решаваат едноставно“. Според него, политичарите доаѓаат и си одат, „а духовните стремежи на верниот народ остануваат, се запазува главниот вектор на нивниот живот – стремежот кон спасение и кон тоа, животот на Црквата да биде слободен и непритеснет“. „Кога спомнуваме за тоа, ние ги поддржуваме добрите односи со сите власти“, заврши отец Всеволод Чаплин.

Извор: Двери

Tags:

Бројот на ученици во римокатоличките училишта во Франција се зголемува

Posted in општество, религија on септември 30th, 2010 by antonij

Бројот на учениците во римокатоличките училишни установи во Франција през оваа година се зголемил за 7 000 души, сообштува Франс-прес. Генералниот секретар на римокатоличките училишта, Ерик де Лабар, изјави дека доаѓањето на нови ученици не може да не нè радува. Денес во римокатоличките училишни установи во земјата учат над 2 милиони деца и млади, од нив 847 000 во основните училишта, 1 120 000 во средните училишта и 50 000 во селскостопанските училишта. Римокатоличките училишта ги привлекуваат луѓето со подобрата дисциплина, барањето знаење и конзервативност на учебниот модел.

Извор: Двери

Tags: